Зошто BlueGlobe International? Затоа што ние сме горди на нашата работа и се грижиме за резултатите! Како интернационален пазарен лидер во јазични услуги (превод, толкување, рекламни текстови, локализација итн.) ние нудиме услуги од светски ранг како за поединци така и за компании. За да доставиме 100% точни преводи на нашите клиенти, поставуваме серија проверки на квалитетот во секој дел од преводот. Вашата удобност е важна за BlueGlobe и ве уверуваме дека ќе го добиете посакуваниот и очекуван квалитет. - 100 на поголемите јазици во светот
- Сите специјализации
- Најкомпетитивни цени
- Квалитетни услуги
- Највисоко ниво на грижа за клиентот
- Најбрзо растечка компанија за преведување во светот
- Стотици докажани доставувачи на јазични услуги
- Тимски концепт од почеток до крај
- Достапни 24 часа во денот, 7 дена во неделата
Нашата програма од 10 чекори за гаранција на квалитетот Следејќи ја нашата чекор по чекор програма за гаранција на квалитетот, гарантираме извонреден квалитет за сите македонски преведувачки проекти: - Секој македонски преведувачки проект ќе биде анализиран од компетентен менаџер на проектот
- Детален план за преведување ќе биде формулиран од менаџерот на проектот
- Преведувачкиот проект ќе му биде назначен на професионален преведувач
- Терминолошка база ќе биде створена ексклузивно за проектот
- Алатка за компјутерска помош ќе биде програмирана за проектот
- Проектот ќе биде преведен на македонски
- Проверки на квалитетот постојано се извршуваат
- Преводот ќе биде ставен во бараниот формат (компјутерско издаваштво).
- Целиот превод ќе биде проверен по втор пат од роден говорител на јазикот
- Финален преглед од страна на преведувачот и менаџерот на проектот – доставување до клиентот
Нашата глобална мрежа на квалификувани, вешти и професионални преведувачи ја гарантира можноста на BlueGlobe да понуди брз обрт дури и на најголемите проекти со куси временски рокови. Независно од барањата за изворен и целен јазик, македонски во англиски (САД), англиски (САД) во македонски, или било која друга јазична комбинација (германски – тајландски, украински – француски итн.), прецизноста и квалитетот на вашиот преведувачки проект е гарантиран кај BlueGlobe International. Цени на преводи - македонски јазик Неколку фактори (специфика на текстот, баран рок, број на зборови во проектот, формат на документот итн.) влијаат на цената на преведувачкиот проект. За точна проценка, едноставно кликнете на „Побарај проценка“ и пополнете го он-лајн формуларот. Односните документи можат да бидат пратени преку е-пошта, доставувајќи ја на тој начин сета потребна информација и документација да се направи точна преценка на цената, без дополнителни скриени давачки. BlueGlobe International е секогаш во можност да ги услужи своите клиенти, 24 часа на ден, 7 дена во неделата! Нашиот пријателски расположен персонал ќе направи сè во своја можност да ви помогне со вашиот проект. Јазик на телефонските оператори: Англиски – руски - шпански +1.541.330.0450 (USA) Нашата служба за помош преку е-пошта ја има на: Англиски – руски - шпански
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Приватност и услуги Приватноста на нашите клиенти е најважна за BlueGlobe International. Бидете уверени дека сите документи, проекти, електронска пошта, писма, документација и др. ќе биде чувана според нашите строги правила за приватност. Нашата цел е да направиме секој клиент да се чувствува удобно и со доверба во нашите услуги, затоа ве молиме да го посетите нашиот веб-сајт и да ја прегледате нашата Политика на приватност. Оваа страница ќе ги информира клиентите за видот на информацијата што ја собираме, начинот како таа е заштитена и сите можни опции достапни на клиентот за нејзино користење. Ве охрабруваме да ја симнете нашата Политика на приватност за во целост да го разберете нашиот целосен ангажман во услугите и приватноста. Се разбира дека ќе го цениме вашиот придонес и учество! Преку одржување на високо ниво на интегритет и неспоредлив ангажман во услугите, BlueGlobe гордо изгради клиентела којашто категорички ѝ ги доверува своите проекти и лични информации на нашата фирма. Како повторни клиенти, тие се нашиот најголем капитал. Преведено од Sayeed Language Services |